Македонец ја фатил Владата во пет до бомба и наместо три, му исполнила 5 желби!

by lali

Од како СДСМ реши дека ќе ги објавува „бомбите“, Владата последниве неколку денови почна да му служи на народот. Брзопотезно беа прифатени голем дел од барањата на СОНК по најавата на масовен штрајк иако пред тоа сите владини гласила вела дека нема штрајк. Ненадејно дел од студентите беа повикани на дискусија со премиерот, иако истите тие од него во неколку наврати беа етикетирани, а од провладините медиуми кружени и омаловажувани. А денес (не за чудо) излезе и веста дека законот за хонорарците ќе се менува во нивна полза. Иако сето ова е во корист на револтираните и обесправени граѓани, сепак на вакви методи и угодување требаше да се мисли пред да се појави револтот… а не пет до бомба! #тиктактиктак