606
Македонски и бугарски државјанин биле фатени како лепат плакати со политичка содржина низ градот, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 23.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје било забележано патничко возило „фолксваген кеди“, со бугарски национални ознаки, а лицата кои биле во него лепеле плакати на автобуската постојка.
Возилото било пронајдено на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, а во него биле затекнати С.В.(31) од Бугарија и Д.С.(26) од Скопје. При преглед на возилото биле пронајдени исти такви плакати. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.