Виктор Драгомански, Македонец од Скопје кој работи како обезбедувач на угостителски објект на Малта, е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во оваа држава, објави TVM од Малта. До апсењето, тој се криел во хотелот Гзира.
Инаку, за двојното убиство извршено пред 8 дена е осомничен и албанскиот државјанин Даниел Мука. Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски.
Тие се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Жртвите биле во врска 4 години.
Пандолфино бил лекар кој сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега, полицијата на Малта не соопшти детали за мотивите за убиството.