1.2K
По десет години во скопската Зоолошка се врати мајмунот Коко, откако се излечи во Холандија. Коко, кој страдал од депресија, бидејќи се чувствувал осамен, во 2009та беше испратен во AAP Stichting, една од најдобрите организации за ресоцијализација и спасување на животни.
Бидејќи во Скопје бил единственото шимпанзо, тој во Холандија се запознал со нови мајмуни. Коко е роден во скопската Зоолошка градина. Кусо време по неговото раѓање мајка му умрела од туберколоза и оттогаш Коко беше во депресија. Во Холандија замина на 13 години и сега има 22 години.
Тој во Скопје ќе биде со уште три шимпанзи, кои ќе ги чуваат четири негователи.