452
Ѕвездата на светската поп-музика Мајли Сајрус летово ќе гостува во Приштина, каде што ќе настапи на фестивалот СаниХил, кој ќе се одржи од 2 до 4 август.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, веста за доаѓањето на американската пејачка преку официјалната веб-страница на фестивалот ја потврди неговата основачка, познатата британска пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа.
Годинешното издание на СаниХил е второ по ред, а главна ѕвезда на минатогодишното издание беше токму Дуа Липа.