Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

by Fokus

Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто.

„Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот на вештачката интелигенција”, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, додавајќи дека отпуштањата ќе погодат помалку од пет отсто од вработените во компанијата и дека Мајкрософт ќе продолжи да вработува на „стратешки” позиции.

Мајкрософт ќе потроши околу милијарда долари за отпуштања, бидејќи отпуштените вработени кои имаат право да работат во САД ќе добијат здравствена заштита и права на акции за шест месеци.

Поврзани новости