Мајкл Овен за болеста на неговиот син: Тоа е веројатно најтешкото прашање што можам да го добијам!

by Fokus

Да се ​​биде дете на познат спортист не значи секогаш „мед и млеко“ и обично очекувањата се наметнуваат од почеток. Се очекува детето да тргне по стапките на својот татко или мајка, но реалноста е поинаква и повеќето од нив не успеваат да го поднесат преголемиот товар.

Мајкл Овен во текот на својата играчка кариера важеше за вистинска легенда, прво во Ливерпул, а потоа и во други тимови каде можеби не остави толку длабока трага.

Сега веќе 44-годишниот поранешен англиски репрезентативец во едно од интервјуата зборуваше за својот син Џејмс, кој има проблеми со видот.

На осумгодишна возраст, му била дијагностицирана Старгартова болест, генетска состојба која се јавува кога масен материјал се акумулира на макулата – мал дел од мрежницата потребен за централен вид. Моментно нема лек, па состојбата се влошува со текот на годините.

– Па, тоа е веројатно најлошото прашање, иако никогаш не го покажувам и не кажувам никому – вели Мајкл Овен за Daily Mail.

– Или се наоѓаш во ситуација да се правдаш или да кажеш дека не го интересира, а луѓето да те гледаат и да кажат ‘не го интересира фудбалот?’ Потоа треба да објасниш сè и завршуваш со разговор што навистина не сакаш да го имаш со никого.

– Кога некој ќе ви пријде во кафеана и ќе ве праша ‘дали игра вашиот син?’ само сакаш да ја смениш темата. Тоа беше веројатно најтешкото низ годините. Џејмс веројатно не уживаше во фудбалот колку што требаше бидејќи не беше толку добар како што требаше – вели Овен.

И Џејмс зборуваше за тоа како сите го гледаат и жалат него.

– Луѓето очекуваат да бидам во фудбалот и навистина еднаш уживав. Кога дознав дека тоа не е можно, сакав да најдам алтернатива – изјавил Џејмс со позитивен тон и зборовите дека сака да започне сопствен бизнис.

– Порано бев емотивен поради тоа, дозволував премногу да ме дефинира. Кога бев помлад, се сожалив себеси. Се прашував зошто јас. Но, тоа не промени ништо. Посетував многу болници во мојот живот, имав болки, но исто така сум видел луѓе во полоши ситуации и треба сето тоа да го ставите во перспектива – вели тој..

На 30 јануари ќе биде претставен филмот „Фудбалот е за сите“ кој ќе ја подигне свеста за Старгартовата болест.

Поврзани новости