1K
Бен Афлек и Мајкл Китон – и двајцата ќе ја повторат својата улога на Бетмен во наредниот филм за суперхеројот Флеш.
Во овој филм Афлек и Китон ќе имаат споредна улога. Бен Афлек во меѓувреме, ќе го глуми Бетмен и во следното продолжение на „Лига на праведните“ (Justice League), најавен за следната 2021 година.
Китон го глумеше „црниот витез“ во два филма во раните 1990-ти.
Во новиот филм „Флеш“, главната, насловна улога ќе ја толкува Езра Милер.
Филмот е во претпродукција. Премиерата е закажана за јуни 2022 година.