Мајкл Џордан скршен од болка: Збогум брате

by Fokus

Вест за трагичната смрт на легендарниот Коби Брајант го зави цел свет во тага, а најтешко им е на неговите поранешни соиграчи од паркетот.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан се огласи по оваа трагедија.

„Шокиран сум од вестите кои ги чув. Зборовите не можат да опишат колку лошо се чувствувам. Многу ги сакав Коби, беше како мој помлад брат. Ми недостасува тоа наше време. Беше одличен техничар, добар татко, го сакаше своето семејство. Почивај во мир, Коби“, рече Џордан.

Поврзани новости