379
Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, денеска е повикана да даде исказ во скопското обвинителство. Пред неколку дена обвинителството отвори истрага за двајца осомничени за убиство на Пино Секондо, 22-годишна девојка и 28-годишен маж, кој е во бегство. Девојката е во притвор, а по вториот осомничен се трага.
По Пино се трагаше од декември лани, кога исчезна а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен. Обвинителството тврди дека има докази дека девојката го намамила, додека Али Ф. го извршил убиството и заедно го сокриле телото во дупка.