Мајката на осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ одби да сведочи во обвинителството. Светлана Драгијевиќ го искористи законското право да не сведочи, како најблиска роднина на осомничените.
„Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.
Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.
Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишното девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.
Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага.