624
Јавното обвинителство во Белград соопшти дека е започната истрага против мајката на малолетникот Коста Кецмановиќ, кој изврши масакр во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.
Според информациите на српските медиуми, обвинителството испратило барање до Полициското одделение на Белград за да се спроведе истрага бидејќи мајката на Коста е осомничена за кривично дело „запуштање и злоупотреба на малолетно лице“.
Градскиот центар за социјална работа треба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на Коста и потоа да го извести обвинителството.
Масакрот во училиштето се случи на 3 мај, кога Коста уби девет ученици и припадник на обезбедувањето.