61
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше пуштен од притвор поради лошата здравствена состојба, за да има соодветни услови за лекување.
Се огласи неговата мајка, а изјавата ја пренесуваат српските медиуми.
„Беше тешко, јас како мајка сето тоа тешко го издржав, но се бориме, се бориме и веруваме во Господ и правдата. Сега се чувствува малку посмирено и посреќно затоа што конечно ги има условите што му се потребни за нормално да се лекува, ја има потребната храна, секојдневно ги прима терапии кои му се потребни“ – изјави мајката на Боки 13.
Поранешниот водител и шоумен беше опериран на 14 јануари, по петти пат, а проговори и како се чувствува.
– Убаво ми е, но се уште не е време да кажам што имам – изјави Боки неодамна за српски Блиц.