844
Во белградската населба Железник, утрово се случи голема трагедија кога тригодишно дете загина во пожар.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, мајката на детето ја однела својата постара ќерка во основно училиште, а тригодишното дете останало да спие.
Како што неофицијално дознаваат, од засега непознати причини избувнал пожар во барака од 30 метри квадратни, при што детето починало на лице место.
Полицијата и пожарникарите се на терен, а како што неофицијално се соопштува, пожарот настанал поради неисправни електрични инсталации.
Пожарникарите биле известени во 08:04 часот за пожарот, за четири минути биле на терен, но не успеале да го спасат детето.
Пожарот се проширил и на соседната зграда.