1K
Двегодишното девојче од Кичево, кое по 22 дена почина на Клиниката за неврологија во Скопје, било примено на 19 декември во Ургентниот центар во ОБ Кичево во коматозна состојба, а таму ја донела нејзината мајка.
„Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија, во Скопје. И покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година“ соопштија од Министерството за здравство.
Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи.