Мајка во пакет за храна за синот се обидела да прошверцува марихуана во штипскиот затвор

by Фокус

Од штипскиот затвор вчера до СВР Штип пријавиле дека во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана.

Како што информираа од МВР, полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости