Пет лица загинаа во тешка сообраќајка што се случи на патот Краљево Рашка, кога патнички автомобил се судрил со оклопно возило на војската.
Смртно настрадале возачот и четворица патници во автомобилот, Д.Л. 1991, Л.Л. 2014, Л.Л. 2017, М.Л. 2023 и Д.К. 1997, додека М.Л. се здобила со тешки повреди. Како што пренесуваат српски медиуми, во несреќата загинале татко и три деца додека мајката се бори за живот.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство Краљево го приведе возачот М.В.(1970), кој управувал возило на Српската војска.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна постапка во Вишото јавно обвинителство Краљево.