Мајка си го фрлила синот од трети кат, па и таа скокнала – двајцата преживеале

by fokus

Мајка си го фрлила петгодишниот син од третиот кат од зграда во белградската населба Миријево, но за среќа тоа го преживеало падот и нема посериозни повреди, соопштија од Ургентниот центар.

Момчето немало повреда на главата, а тоа е најважно, по што било префрлено во Институт за мајка и дете како пациент.

-Момчето нема скршеници. Свесно е и комуницира, а само вели дека му се спие, откриваат од болницата.

Мајката има повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност.

Соседите на Маја К.(40) велат дека единствен очевидец на случајот е млад човек од нивната зграда, кој видел момент на ужас. Како што раскажува очевидецот, Маја прво го турнала момчето од прозорецот на третиот кат, а потоа и таа скокнала.

На самото место е и поранешниот сопруг на Маја, кој е многу вознемирен и не можеше многу да каже.

– Официјално беше здрава, тоа што можам да го заклучам, односно зошто го направи тоа, сега не е валидно да се каже, рече тој кусо низ солзи.

За среќа момчето и мајката паднале на тревата, а детето поминало без поголеми повреди, а мајката ја скршила ногата.

Поврзани новости