Вчера во 14,00 часот во полициската станица Ѓорче Петров, А.Б.(35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непознато женско лице на возраст од 45 до 55 години се обидело да ја грабне нејзината тригодишна ќерка.
Вчера околу 14 часот А.Б.(40) од Скопје пријавила во ПС Ѓорче Пртров дека во паркот во Ѓорче Петров позади општината, додека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот. М.М. е писмено предупредена и известен е јавен обвинител.
По примената пријава и преземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46).
„За настанот е информиран и надлежен јавен обвинител по чии што насоки лицето М.М. било писмено предупредено“, соопшти МВР.