Мајка-монструм си отрула пет деца во Германија

by Fokus

Во германскиот град Золинген, 27-годишна мајка отрула пет од своите шест деца пред да се обиде да си го одземе животот фрлајќи се под воз.

Таа се фрлила на пруга во Дизелдорф, нешто повеќе од 30 километри од станот каде со апчиња ги убила своите деца.

Германската полиција, која вчера ги пронајде телата на децата, соопштија дека станува збор за девојчиња на возраст од една, две и три години, како и две момчиња на шест и осум години. Шестото, најстаро дете е 11-годишен син, кој е на безбедно кај негови роднини.

Локалните медиуми јавија дека тој со воз одел со мајка си кај баба му, кога мајката излегла на станица во Дизелдорф и се фрлила под воз. Полицијата ги пронашла телата на децата, откако бабата ги упатила таму. Засега не е познато дали преживеаниот син бил сведок на настаните во станот.

Поврзани новости