Мајка и син од Германија сакале да ограбат менувачница: Со спреј ја испрскале вработената и ја влечеле на подот

by fokus

Мајка и син од Германија заработија кривична пријава и известување откако се обиделе да ограбат менувачница во Свети Николе, пренесува МВР.

„Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ц.Х.(45) од Р. Германија и известување против нејзиниот 14 годишен син поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“ казниво по чл.237 ст.1 вв.чл.19 и чл.22 од Кривичниот законик на Република Македонија.На 20.09.2018 година во 07:20 часот во Свети Николе со намера да се стекнат со противправна имотна корист, пријавената заедно со нејзиниот син влегле во менувачницата во Свети Николе и откако размениле пари сакале да влезат во просторот позади шалтерот, но биле спречени од вработената (сопственичка) К.А. на менувачницата, по што пријавениот малолетник со спреј ја испрскал неа и нејзината ќерка, по што ја турнале на подот и ја влечеле и удирале. Пријавените биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Свети Николе. Од страна на судија на претходна  постапка на Ц.Х. одредена и била мерка притвор во траење од 30 дена.“

Поврзани новости