Мајка и нејзиниот партнер во Велика Британија се обвинети за убиство на деветгодишно момче.
Карла Скот (35) и нејзиниот љубовник Дирк Хавел (41) го убиле Алфи Стил (9) во февруари 2021 година, откако го малтретирале со месеци, а сето тоа се случувало во нивниот дом.
Неговото тело, кое било пронајдено со повеќе од 50 повреди, било извлечено од кадата.
Судот слушна дека насилниците се обиделе да ја сокријат својата безмилосна злоупотреба. На денот на фаталниот напад, неговата мајка плачела додека на полицијата и кажала дека нејзиниот син си ја скршил главата во кадата. На видеото кое настанало откако пристигнала брзата помош, мајката плаче и вели дека го нашла детето во када 10 минути порано, пишува „Јутарњи лист“.
Судот слушна дека малиот Алфи бил мачен и тепан по строг режим на казнување. Злоупотребата била толку ужасна што судијата им кажал на поротниците дека никогаш повеќе нема да мора да седнат во поротата откако ќе слушнат за последните моменти на момчето.
Бруталните дисциплински техники вклучувале камшикување на Алфи со појаси и апостолки, како и потопување во ладни бањи. Го терале и навечер да стои надвор и го полеавале со вода.
Физичкото и психичкото малтретирање што доведе до убиството на момчето продолжило и покрај тоа што биле под надзор на социјалните служби.
Хавел, кој досега помина повеќе од половина од својот живот во затвор, беше прогласен за виновен за убиство. Мајката, пак, е осудена за убиство од небрежност.