Мајка и двегодишна ќерка починаа од повреди откако Авганистанец пред три дена со автомобил удри во нив

by Fokus

37-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка починаа од повредите здобиени откако авганистански државјанин влетал со својот автомобил во толпа во Минхен во четвртокот, соопшти германската полиција, потврдувајќи дека тие биле првите жртви што починале.

Полицијата соопшти дека најмалку 39 лица се повредени кога 24-годишник од Авганистан влетал со автомобил на протестен митинг организиран од синдикатот Верди. Тој е уапсен на местото на настанот, а во петок треба да се појави на суд.

„За жал, денес треба да ја потврдиме смртта на двегодишно дете и 37-годишна мајка“, изјави портпаролот на полицијата Лудвиг Валдингер за новинската агенција АФП. Инцидентот во кој автомобил влета во толпа во центарот на Минхен се случи десет дена пред Германците да излезат на федералните избори.

„Осомничениот призна дека намерно влетал со својот автомобил во поворката. Откако го извршил чинот, извикал „Алаху Акбар“ и почнал да се моли на местото на нападот. Сите негови изјави укажуваат на исламистичка позадина на нападот“, изјави високиот државен обвинител Габриеле Тилман на прес-конференција во Минхен.

Таа објасни дека истрагата се уште е на почеток, но дека може да се зборува за исламистички мотив на сторителот. На неговиот мобилен телефон биле пронајдени и комуникации кои укажуваат на исламистичките погледи на светот на осомничениот Фархад Н., 24-годишен Авганистанец.

Дозволен е престој во Германија од хуманитарни причини
Државното правобранителство покрена обвинение за обид за убиство во 36 случаи против Авганистанец, чие барање за азил беше одбиено пред неколку години, но му беше дозволено да остане во Германија од хуманитарни причини.

Според полицијата, Фархад Н. легално престојувал во Германија и работел во безбедносниот сектор. Тој веќе бил во конфликт со полицијата за кражби и поседување нелегални дроги, а веќе требало да биде протеран од Германија. Порталот Шпигел онлајн наведува дека осомничениот ширел исламистичка содржина на социјалните мрежи пред нападот.

Поврзани новости