Обвинителите започнаа истрага за убиство откако полицијата пронашла пет тела во град североисточно од Париз.
Жртвите се жена и нејзините четири деца, јавуваат локалните медиуми.
Нивните тела се откриени во градот Мо, на околу 40 километри од главниот град на Франција.
Локалниот обвинител за новинската агенција АПФ потврди дека телата се пронајдени во станот.
Полицијата трага по 33-годишниот татко кој е „во бегство“, пишува порталот Actu17 кој прв објавил за убиството.
Обвинителот Жан Батист Бладиер за француските медиуми потврди дека судската полициска служба на Версај ја води истрагата.
Неодамна во Париз и околината се случија серија чедоморства.
На крајот на ноември 41-годишен маж и се предал на полицијата и признал дека убил три ќерки на возраст од четири до 11 години.
Полицијата ги пронашла телата во неговиот дом во Алфорвил, југоисточно предградие на главниот град.
Претходно, во октомври, полицаец уби три ќерки, а потоа и себеси во куќа во населбата Вемарс, северно од Париз.