435
Мајка и 17 годишен син загинаа во пожар во нивната семејна куќа што избувнал околу 4 часот утрово на улицата Девеани во Битола.
Од пожарот се спасил таткото на семејството, кој во моментот на избивање на пожарот бил во тоалетот, кој се наоѓа надвор од куќата. Противпожарната единица од Битола интервенирала со 2 возила и 5 пожарникари
Увидот на јавниот обвинител е во тек, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.