Мајк Пенс се откажа од трката за претседател на САД

by Fokus

Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс ја прекина кампањата поради заостананување на анкетите и финансиските предизвици, ветувајќи дека ќе помогне да се изберат принципиелни републикански лидери, пренесува Си-Ен-Ен.

Веста за прекинување на кампањата, Пенс ја најавил од Лас Вегас, на годишната конференција на Републиканската еврејска коалиција.

„Ја напуштам оваа кампања, но дозволете ми да ви ветам, никогаш нема да ја напуштам борбата за конзервативни вредности и никогаш нема да престанам да се борам за избор на принципиелни републикански лидери на секоја функција во земјата“,
рече Пенс.

Според извори на медиумот, во кампањата на Пенс имало голема загриженост дека тој нема да се квалификува за третата фаза на дебати следниот месец. Таа загриженост беше движечки фактор во одлуката на Пенс, изјавил републикански советник близок до неговата кампања, а неколкудневното собирање финансиски средства оваа недела не придонело многу за да се олесни тоа.

Поврзани новости