448
Американскиот потпретседател Мајк Пенс во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев му го честита историскиот договор со Грција за решавање на долгогодишното прашање за името меѓу двете земји, соопшти синоќа Белата куќа.
Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот кон преговори за пристапување во Унијата во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.
Во соопштението се наведува дека Пенс го пофалил премиерот Заев за лидерството, храброста и неговата посветеност кон мирот и стабилноста во регионот, нудејќи ја поддршката на САД за успешна имплементација на договорот за името