Мајк Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

by Fokus

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес – Мајк Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да маршира низ Европа“ доколку тоа му биде дозволено и додаде дека следната цел може да биде Балканот.

„Мислам дека Владимир Путин ќе продолжи да маршира низ Европа ако му се дозволи тоа. Мислам дека Балканот би можел да биде следен, а тој исто така би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, им рече Џонсон на новинарите во Конгресот, пренесува „Newsweek“.

Тој додаде дека попрво би испратил куршуми во војната против Русија отколку „американски момчиња“.

 

 

Поврзани новости