МАЈЕ реагира: Тоа што Турската амбасада го нарече весникот „Заман“ „терористички билтен“ е скандалозен обид за линч на овој медиум

by Fokus

Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (МАЈЕ) се придружува на реагирањата од Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми на Македонија и од Здружението на новинари на Македонија, со кои се бара заштита на македонскиот весник „Заман“, кој својата содржина ја објавува на турски јазик. „Заман“ објавува две изданија – неделно и месечно списание.

Имено, Амбасадата на Турција во Скопје го нарече неделникот „Заман“ – „терористички билтен“, што медиумските здруженија го оценуваат како скандалозен обид за линч на овој медиум.

Ваквото реагирање на турската Амбасада дојде откако во македонските медиуми беше објавено дека весникот „Заман“ ќе биде еден од медиумите што ќе добие финансиска поддршка од Владата на Македонија низ проект за поддршка на печатените медиуми во оваа земја.

МАЈЕ смета дека ваквите напади врз медиуми се крајно неприфатливи и опасни, како и дека сите субјекти, па и дипломатско-конзуларните претставништва, мора да се воздржат од изнесување вакви и слични квалификации. Слободата на печатот е право што не смее да биде загрозено или ограничено од кој било субјект или институција. Ваквото таргетирање на медиуми против кои се води каков било кривичен или друг процес е неприфатливо во која било демократска земја.

Поврзани новости