Претседателката на Молдавија, Маја Санду, смета дека републиката има шанса да стане дел од Европската унија до крајот на деценијата и покрај конфликтот во Придњестровје.
Претходно вицепремиерот на Молдавија Нико Попеску призна дека републиката би можела да се интегрира во ЕУ без Придњестровје доколку не се реши конфликтот. Молдавските медиуми ја протолкуваа неговата изјава како отфрлање на непризнаеното Придњестровје.
Поранешниот премиер на Молдавија го повика Кишињев „да не позира“ за прашањето за гасот.
„Ова не е отфрлање, но интеграцијата може да се направи во два чекора, не можеме да останеме уште 30 години во ситуација кога нашата демократија не е консолидирана, условите за живот не се најдобри… Верувам дека имаме добри шанси. Мораме да се концентрираме на внатрешната агенда, но имаме шанса да станеме дел од Европската унија до крајот на оваа деценија“, изјави Санду на ТВ8.
Според неа, присуството на конфликтот во Придњестровје не треба да биде проблем, бидејќи ЕУ веќе го има примерот на Кипар.
Лани во март Санду ја потпиша апликацијата за пристапување на републиката во Европската унија, истакнувајќи дека е неопходно да се забрза процесот на европска интеграција. Шефовите на држави и влади на Европската унија на самитот во Брисел на 23 јуни го одобрија доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија за пристапување во унијата. Европската комисија и постави на Молдавија девет услови кои земјата мора да ги исполни за да влезе во ЕУ.
Придњестровје, чии жители 60 отсто се Руси и Украинци, бараше отцепување од Молдавија уште пред распадот на СССР, плашејќи се дека Молдавија ќе и се придружи на Романија на бран на национализам. Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да го решат проблемот со сила, Придњестровје практично стана територија надвор од контролата на Кишињев.