Маја Морачанин е новата претседателка на ДОМ

by fokus

Денеска се одржа четвртиот Конгрес на ДОМ под мотото „Зелени вредности – трајна визија“ со 300 делегати.

Беше избран новиот состав на Централен и Надзорен одбор на ДОМ, а за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин.

Заблагодарувајки се на довербата, таа ја истакна убеденоста дека со тимска работа, преку соработка со граѓанските здруженија и Европските Зелени, ДОМ ќе има успешна иднина.

Поврзани новости