Нашето тело, а и нашата благосостојба зависат од квалитетот на нашиот сон. Неможноста за спиење или честото будење во текот на ноќта не е добро за здравјето и за расположението наредниот ден. Поради сѐ поголемиот стрес во текот на денот, добриот ноќен сон е еден од главните проблеми со кои се соочуваат луѓето.
Минералот Магнезиуме клучен за добриот сон. Доколку не успеете да ја внесете препорачаната доза магнезиум во текот на денот, една од опциите кои ги имате на располагање е и земање магнезиум како додаток во исхраната. Тоа помага да се смири умот и овозможува длабок сон и релаксација. Освен тоа, редовното земање магнезиум пред спиење придонесува за свежина по будењето наутро и ги спречува ноќните грчеви.
Често слушаме дека не е добро да јадеме пред спиење. Сепак, вистината е дека не треба да отидеме на спиење прејадени, но и не треба да пробаме да заспиеме гладни.
За добар сон, се препорачуваат неколку видови на храна, која е здрава и богата со магнезиум.
Храна богата со магнезиум:
Бананите се први на листата бидејќи содржат големи количини мангезиум и калиум, кои се важни минерали за опуштање и затоа ја прават бананата совршена ужинка пред спиење.
Темното чоколадо содржи 65 мг магнезиум, или околу 15% од дневна препорачана доза.
Од семки од тиква до ореви и бадеми, сите тие содржат високи количини магнезиум. Впрочем, само шест бразилски ореви содржат 26% од препорачаната дневна доза од овој минерал.
Леблебијата е моќна, а често ја занемаруваме во нашата исхрана. Таа содржи дури 115 мг магнезиум во една рака плодови. Можете да ја конзумирате печена, во хумус или други јадења кои сами ќе ги приготвите.
Епифизата е малечка жлезда која се наоѓа во самиот центар на мозокот. Нејзина функција е да произведува хормони кои влијаат врз мозокот и на целиот систем од жлезди со внатрешно лачење. Најважен хормон кој е поврзан со епифизата е мелатонинот.
Мелатонинот е хормон кој придонесува за физичка и ментална благосостојба.Во исто време, овој хормон учествува во разни невроендокрини, неврофизиолошки и имунолошки процеси, кои обезбедуваат правилно функционирање на телото.И покрај горенаведеното, мелатонинот се произведува во организмот само во текот на ноќта. Така, кога овој процес е нарушен, лицето за кое станува збор може да има потешкотии да заспие и да се одмори правилно.Освен со раното одење во кревет, неговото излачување можеме да го засилиме со земање храна која го содржи во себе овој хормон. Тоа се вишните, оревите, кафеавиот ориз, пченката, овесот , ѓумбирот ,кикиритките, ананасот и некој др.
Мр.Фарм. Емилија Андоновска
ПР текст