Поради маглата во скопската котлина, дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб-страницата на аердромот.
Освен во Скопје, појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието.
АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека е намалена видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри.
УХМР најави дека и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури.
По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.