Магла за новогодишната ноќ во Скопје и котлините

by fokus

Утрото на последниот ден од годината е студено, а во многу места по котлините и во Скопје има густа магла. Од пладне маглата ќе се расчистува, а во останатите места времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко.

Во вечерните и особено во ноќните часови магла повторно ќе се формира, особено во котлините.

Утринските темератури се движат од минус 4 до плус два на југоистокот од Македонија, додека дневните ќе се искачат до 9 степени во местата со магливо време, до над 10 во повисоките места и до 14 степени на југоистокот.

Во Скопје метеоролозите предвидуваат претпладнето да мине со појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира густа магла.

Како што информира УХМР, и од утре, во Новата година, продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната од осум до 15 степени.

Поврзани новости