Германскиот прволигаш Магдебург е новиот крал на ракометна Европ откако вечерва во Келн по нова драма успеа да биде подобар од Кјелце со 30-29, резултат по дополнителните минути откако основниот дел заврши со 26-26.
Голема борба се водеше во финалето, првата фаза мина во знакот на Магдебург, потоа дојдоа минутите на Кјелце кој го презема водството и со плус два замина на пауза (15-13).
Полскиот тим имаше контрола на резултатот, играта и по одморот и во еден момент водеше и со плус четири, меѓутоа упорниот Магдебург не се предавеше, притискаше и како што одминуваше времето беше се подобар и на крајот се дојде до реми и продолженија.
Беше многу тесно, одлучуваа нијасни кои беа на страна на бундеслигашот за пехар, враќање на тронот во своите витрини по пауза од повеќе од две децении.
Смитс со осум гола беше прв стрелец кај Магдебург, додека исто толку за Кјелце даде Алекс Душебајев.
За време на натпреварот, се случи и една трагедија. Полскиот новинар Павел Котвица (51), кој работеше за порталот „Ехо Днија“, почина.
Новинарот колабираше во средина на второто полувреме на финалниот меч, поради тоа средбата беше прекината 15-тина минути додека му се укажуваше лекарска помош, по што беше пренесен во болница.
По крајот на финалето стигна информација дека новинарот Котвица починал. Во чест на новинарот беше откажана традиционалната прес-конференција по крајот на Ф4 турнирот.