815
Рафаеле Империјале, за кого Италија распиша потерница со објаснување дека е шеф на криминалната организација Камора, е уапсен во Дубаи, соопшти полицијата на Наполи.
Едно од најбараните лица во Италија, 46-годишниот Рафаеле Империјале, е главниот трговец со дрога кој е осомничен и дека купил две украдени слики на Винсент ван Гог.
Уапсен е на 4 август и се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, додека италијанското министерство за правда работи на постапката за екстрадиција.
Во јануари 2016 година, Италија распиша потерница, поради сомнеж дека Империјале е вклучен во меѓународната трговија со дрога и перење пари.
Тој важеше за еден од најопасните и најбараните бегалци во Италија.