526
Маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар го освоија првото место во категоријата на еднородни хорови на меѓународниот акапела натпревар „Varsovia Cantat” во Варшава.
Хорот одржа и два концерта во катедрали во Варшава и Згиерж и настапи на гала концертот на сцената на големата концертна сала на музичкиот универзитет „Фредерик Шопен”.
Наградата е последна во низата од шесте први награди, шесте специјални награди и „Grand Prix” титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка.
Пред околу една недела маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ го реализираа проектот „JazzToVoice“.