Маестро Горан Алачки: Марина ми се случи кога најмалку ја очекував!

by fokus

Животот понекогаш знае пријатно да не изненади и да ни донесе нови личности во кои ќе пронајдеме нешто посебно и вистинско, по кое можеби и не сме биле свесни дека сме трагале целото време – вака ја започна својата приказна маестрото на хармоника, Горан Алачки.

Седум години по разводот од фолк пејачката и ТВ водителка на кулинарска емисија, Адријана Алачка, тој ја покажа својата нова избраничка пред јавноста. Станува збор за Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, на емисијата Македониум, а денес исто така и успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.

Тие двајцата не ја кријат својата блискот. Споделуваат заеднички фотографии на кои може да се види дека одлично се надополнуваат и го поминуваат времето исполнето со интересни содржини, на разни патувања, некаде сами, во романтична атмосфера, некаде со друштво.

-Со Марина сме заедно три години. Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот. Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажува Алачки.

Околу тоа дали и Марина наскоро ќе стане Алачки, тој вели дека животот ќе покаже и остава работите да се движат по својот тек.

Инаку, неговата поранешна сопруга Адријана, сеуште го користи неговото презиме за медиумско претставување, седум години по разводот, за што тој вели дека ја сфаќа зачуденоста на јавноста, но не сака да навлегува во детали поради таа нејзина одлука. Тие двајцата имаат возрасни син и ќерка.

Алачки е еден од најпознатите хармоникаши и композитори кај нас. Зад себе има голем број на авторски песни и хитови, настапи со големи музички имиња и претставувања низ целиот свет.

Вики Клинчарова

Поврзани новости