Мадуро го обвини Израел за „геноцид“ врз Палестинците

by Fokus

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го обвини Израел за „геноцид“ врз Палестинците по најавената израелска „опсада“ на Појасот Газа, објави Франс прес.

„Генералниот секретар на ОН издаде изјава што ја прочитавме внимателно, изјава за предупредување, во лицето на геноцидот што започна врз палестинскиот народ во Газа“, рече Мадуро во телевизиско обраќање.

Тој оцени дека постои „легитимна израелска загриженост за безбедноста“, но дека е „длабоко вознемирен“ од најавата за „тотална опсада“ на Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека офанзивата против Хамас во Појасот Газа штотуку започнала. Израел официјално прогласи воена состојба во неделата.

Поврзани новости