Мадона во болница – ја откажа светската турнеја

by fokus

Американската пејачка Мадона во саботата била итно пренесена во болница откако била пронајдена без свест, а потоа интубиирана на интензивна нега најмалку една вечер пред да и биде извадена цевката, изјави денеска нејзиниот менаџер.

Според американскиот таблоид Page Six, пејачката сега е будна и се опоравува, а покрај неа цело време била нејзината ќерка Лурд Леон.

Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озири, денеска на Инстаграм објави дека Мадона има „сериозна бактериска инфекција што довело до повеќедневен престој на интензивна нега“.

– Се уште е под надзор на лекар. Очекуваме целосно закрепнување – рече Озири.

На почетокот на оваа година, Мадона објави дека ќе започне турнеја „Celebration“ во чест на 40-годишнината од нејзината музичка кариера. Светската турнеја со 84 датуми требаше да започне на 15 јули во Роџерс Арена во Ванкувер, но Озери објави дека е одложена поради загриженост за здравјето на пејачката.

– Ќе споделиме повеќе детали со вас веднаш штом ги имаме, вклучувајќи го и новиот датум за почеток на турнејата и презакажаните настапи – додаде тој.

Поврзани новости