Поп иконата Мадона деновиве објави фотографија на која позира заедно со своите шест деца, но и со своето и момчето на нејзината ќерка Лурдес.
Семејството заедно било на зимување на Швајцарските Алпи, а под фотографијата музичката ѕвезда порача дека никогаш нема да ги заборави планините и месечевата светлост во Швајцарија.
Ова е една од ретките фотографии, каде пејачката позира со сите деца. Како потсетување, таа ги има ќерката Лурдес (25), синот Роко (21), Давид (16), Мерси (15), и близначките Естер и Стела (9).
Инаку, Мадона неодамна наполни 63 години, додека пак нејзиното момче, кореографот и танчер Ахламалик Вилијамс има 27 години.
Таа е позната по своите врски со помлади мажи, и неретко е мета на критики од јавноста поради своите љубовни избори, односно поради големата разлика во години.
-Научив да го извлекувам она што е најдобро за мене од моите врски. Кога сум во врска, сакам да бидам исполнета со енергија, раскажа таа за американските медиуми.
Вики Клинчарова