554
Поп кралицата Мадона ги изненади демонстрантите во Лондон откако се измеша меѓу нив на протестот против расна неправда, што викендов се одржуваше низ цел свет, како поддршка на движењето „Црните животи значат“.
Шеесет и едногодишната пејачка, која не носеше заштитна маска, се придружи на протестот иако се движи со помош на патерици, како последица на повредата на коленото, што ја заработи за време на последната турнеја.
„Ни беше чест на сите нас што денеска бевме тука. Важно е и што моите деца сведочеа на овој голем историски момент“, напиша Мадона на Инстаграм.