593
Џулија Гарнер ќе ја игра Мадона во биографскиот филм, што ќе го режира самата пејачка. Ѕвездата на серијата „Озарк“ ја добила улогата по долга аудиција.
Мадона пред две години објави дека ќе се снима филм за нејзиниот живот, при што го напиша сценариото заедно со оскаровката Дијабло Коди („Џуно“).
„Сакам да го раскажам неверојатното патување низ кое што ме однесе животот како уметница, музичарка, танчарка, човечко суштество. Има толку многу непознати и инспиративни приказни, а кој може подобро да ги раскаже од мене“, кажа Мадона.
Дваесет и осумгодишната Гарнер освои две награди Еми за „Озарк“, а во изминатиот период беше актуелна со серијата „Измислувањето на Ана“.