Владата наместо да ја намали цената на храната, како што тоа го правеше СДСМ и вистински да ги поддржи граѓаните, тие со цел да замачкаат очи кај граѓаните ги намалија цените на гумите и моливите. Освен што мерката е задоцнета, таа не ги решава на ниеден начин проблемите на граѓаните со високите цени за храната и сите основни производи. Сега граѓаните моливи за децата ќе купуваат дома, а храна во соседна Србија или на друго место каде е поветина, затоа што само за еден месец за над 600 денари е поскапена основната потрошувачка кошничка, реагираат од СДСМ.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, со право реагираат на оваа манипулација.
СДСМ бара итно да се донесат мерки за замрзување на цените на основните производи по примерот на претходната Влада кога на тој начин се штитеше стандардот на граѓаните.
„Граѓаните паметат дека оваа политика беше остро напаѓана од ВМРО-ДПМНЕ кое велеше дека тоа не било доволно, но сега кога се на власт не прават буквално ништо за да ги намалат цените.
ВМРО-ДПМНЕ прво ги замрзна платите, а сега не сака да ги заузда цените кои неконтролирано растат. Оваа состојба е неиздржлива и ќе го уништи стандардот, секое семејство ќе има се помалку и помалку за живеење. Додека од една страна Мицкоски се фали инвестиции на СДСМ од друга страна прави се за да го спушти стандардот и економски заслабне граѓанинот“, нагласуваат од опозициската партија.