698
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека проектили погодиле складиште за радиоактивен отпад во Киев, но засега нема извештаи за оштетување на згради или истекување на радиоактивен материјал.
Извршниот директор на МАЕЕ, Рафаел Гроси, доцна синоќа изјави дека украинските власти ја информирале неговата канцеларија за нападот.
Агенцијата очекува наскоро да ги добие резултатите од радиоактивниот мониторинг од местото на настанот.
Извештајот доаѓа еден ден откако беше оштетен електричен трансформатор на слична депонија во украинскиот град Харков.