379
На украинската нуклеарна централа Запорожје, заземена од Русија, ѝ е обновен резервниот далновод и сега ја обезбедува надворешната енергија што и е потребна за ладење на реакторите, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
-По вчерашното обновување на далноводот… операторот на нуклеарната централа Запорожје утрово го исклучи последниот оперативен реактор, кој изминатава недела ја обезбедуваше електричната енергија што ѝ требаше на централата откако беше исклучена од мрежата, се вели во соопштението на МААЕ објавено на Твитер.
„Оваа електрична енергија сега може да се испорачува преку мрежата“, додава агенцијата.