МААЕ го објави извештајот за нуклеарката Запорожје

by fokus

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара да се создаде безбедносна зона околу најголемата европска нуклеарна централа, потсетувајќи на големата штета што инспекторите ја откриле во централата.

Долгоочекуваниот извештај никому не ја припишува вината за штетата предизвикана на нуклеарната централа Запорожја, за чие гранатирање Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат. Нуклеарката е под контрола на руските воени сили, но со неа управуваат украински техничари.

Инспекторите рекоа дека пронашле руски војници и опрема внатре во објектот, како и воени возила паркирани во салите со турбината. Но, тие исто така рекоа дека треба да се подобрат работните услови за украинскиот персонал што управува со централата за да се намали веројатноста за грешки.

„Украинскиот персонал кој управува со објект под руска воена окупација е под постојан и огромен притисок и стрес, особено со оглед на ограничениот број на персонал на располагање“, се вели во извештајот на МААЕ. „Оваа состојба на работите не е одржлива и може да резултира со зголемена човечка грешка што може да влијае на нуклеарната безбедност“.

Инспекторите на МААЕ, предводени од шефот на агенцијата Рафаел Гроси, храбро поминаа низ гранатирање за да ја преминат линијата на фронтот и да стигнат до објектот во петокот. Двајца вештаци останале таму до понатамошно известување.

Поврзани новости