МААЕ бара повлекување на Русија од нуклеарната централа Запорожје

by fokus

Земјите-членки на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повторно ја повикаа Русија да се повлече од украинската нуклеарна централа Запорожје.

Москва треба веднаш да го повлече својот персонал и да се откаже од „неоснованото барање сопственост“ на нуклеарната централа во југоисточна Украина, се вели во резолуцијата на Бордот на гувернери на МААЕ објавена синоќа во Виена.

Бордот, исто така, изрази загриженост поради тоа што украинските вработени во фабриката биле под притисок од руска страна и затоа што биле извршени апсења.

Ова е трета резолуција на МААЕ против Русија од почетокот на војната во февруари. Русија и Кина гласаа против, додека седум земји беа воздржани.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, од март е под руска окупација. Таа постојано беше цел на напади во последните недели. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Поврзани новости