М-р Сара Пројковска Николовска – придружен вокал во ДНК е меѓу загинатите во трагедијата во Кочани

by Fokus

Вонредната професорка Сара Пројковска Николовска е меѓу загинатите во трагедијата во дискотеката во Кочани, потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонреден проф. м-р Сара Пројковска Николовска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК исто така е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, а животот го загубија и членовите на бендот Ѓорѓи Горгиев, Филип Стевановски и Александар Коларов.

Вокалистот Владимир Блажев – Панчо е хоспитализиран со изгореници по телото.

Поврзани новости