Ван дер Белен пречекан со највисоки почести во Скопје

by Fokus

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен од вчера е во дводневна посета на земјава, а утрово беше пречекан со највисоки државни и воени почести пред вилата „Водно“. Во секој момент се очекува тој да има тет-а-тет средба со претседателот Стево Пендаровски, по што е пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат и на македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

За време на официјалната посета, австрискиот претседател Ван дер Белен ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Својата официјалната посета на Република Северна Македонија австрискиот претседател Ван дер Белен ја почна вчера со посета на Охрид.

Поврзани новости